11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ученик во Франција уби професорка на час по шпански јазик

Средношколец до смрт ја избол професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-би-си.

Локалниот обвинител Џером Бурие го потврди нападот за новинската агенција АФП, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил за време на час денеска наутро.

Властите потврдија дека полицијата е на терен со локален обвинител.

Студентот е уапсен.

Професорката имала педесет години и починала од срцев удар кога брзата помош пристигнала на местото на настанот, јавуваат локалните медиуми.

Францускиот весник „Суд Кест“ пишува дека напаѓачот влегол во училницата додека професорката по шпански предавала и ја нападнал.

Францускиот министер за образование во твит напиша дека неговите мисли се со „семејството, колегите и учениците“ на наставникот и веднаш се упати кон училиштето.

Спонзорирано: