10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција забрани отпуштања на работниците во 10 градови по земјотресот

Турција денеска започна програма за привремена поддршка на платите и забрани отпуштања во 10 градови за да ги заштити работниците и бизнисите од финансиските последици од разорните земјотреси што го погодија јужниот дел на земјата на почетокот на овој месец.

Според турскиот службен весник, работодавачите чии работни места се сериозно или умерено оштетени ќе имаат корист од оваа помош за делумно покривање на платите на вработените чие работно време е намалено.

Забрана за отпуштања беше воведена и во 10 провинции погодени од земјотресот, каде што е на сила вонредна состојба.

На 7 февруари, на барање на претседателот Реџеп Таип Ердоган, турскиот парламент воведе тримесечна вонредна состојба.

Турската влада понуди поддршка за платите и воведе забрана за отпуштање во 2020 година во обид да ги олесни економските последици од пандемијата на коронавирус.

Спонзорирано: