10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е очајна, во натпревар со Левицата зборува за војни

ВМРО-ДПМНЕ во очај станува сè порадикална и поекстремна во своите настапи и своето дејствување. Сè што оваа партија прави е своевиден натпревар по екстремизам со политичката партија Левица, чиј заложник е. Во таа насока е и тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој од Собранието зборува и се заканува со војни и конфликти, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека во 2023 година високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ се закануваат со војни и конфликти, што само го потврдува степенот на очај и слабост во партијата предводена од Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и Левицата се спремни да ја втурнат државата во хаос и безредие, во меѓуетнички конфликт, тоа се обидоа да го направат и за време на европскиот предлог, а сега кога државата повторно е пред клучни решенија, тие повторно се закануваат.

Но, колку и да посакуваат такви црни сценарија, СДСМ, граѓаните, сите демократски сили нема да дозволат тоа да се случи. Деструкциите и заканите на ВМРО-ДПМНЕ и Левицата одново ќе бидат поразени, се вели во соопштението.

Спонзорирано: