Тлото во Турција никако не се смирува. Пред повеќе од 14 дена, јужните делови на оваа земја и северозападниот дел на Сирија беа погодени од два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала и многу послаби земјотреси.
Потоа, пред две ноќи беа забележани уште два силни земјотреси од 6,4 и 5,9 степени според Рихтеровата скала.
Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) утрово извести за нов земјотрес.
Според EMSC, земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала го погодил Елбистан.
Тресењето на земјата е забележано на длабочина од пет километри.