Шест лица загинаа во пожар што избувна во хотел во центарот на Москва. Како што соопшти руското Министерство за вонредни ситуации, меѓу загинатите има и две деца.
Според податоците на руското Министерство, во пожарот се повредени уште девет лица, додека од зградата во која се наоѓа хотелот се евакуирани 200 лица.
– Пожарот е изгаснат нешто пред полноќ по московско време, а извршен е увид на секоја соба – соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Во соопштението се наведува и дека е поведена кривична постапка за причината за пожарот што избувна на 5-ти кат од зградата.
Руската агенција ТАСС, повикувајќи се на прелиминарни податоци на анонимен службеник на службата за итни случаи, наведува дека пожарот е подметнат пожар.