15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мистерија за убиство на учителка решена по 50 години, отпушок го издал убиецот

Отпушокот од цигара, кој беше пронајден покрај телото на учителката Рита Караниз Верномт пред повеќе од 50 години, помогна конечно да се идентификува нејзиниот убиец.

Телото на Рита било пронајдено во нејзиниот дом во 1971 година, а причина за смртта е давење.

Иако овој случај не е расветлен повеќе од половина век, полицијата успеала да открие дека убиецот е нејзиниот сосед Вилијам Дерос, користејќи ДНК трага од отпушок која бил пронајден покрај телото.

Осомничениот, кој тогаш имал 31 година, кобната вечер излегол да се прошета за да си ја „расчисти главата“ по расправија со сопругата.

Кога се вратил во станот и се заканил на жената да не каже дека излегол од станот во текот на вечерта.

На почетокот на 2019 година, инспекторот Џејмс Трајб повторно ја отвори истрагата за ова убиство, пишува Sky news.

Иако во 2014 година беше направена ДНК анализа на отпушокот, резултатите не се совпаѓаат со ниту едно лице кое полицијата го има во системот. Сепак, инспекторите ги споредија резултатите со роднините на Вилијам од двете страни во август 2022 година. Врз основа на тоа утврдиле дека резултатите недвосмислено водат до него.

Истрагата утврдила дека Вилијам и неговата сопруга Мишел живееле во станот над нејзиниот, во моментот на убиството на Рита, пишува Телеграф.

Прегледот на документите од 1971 година откри дека полицијата ја испрашувала брачната двојка Дерос по убиството, но и двајцата рекле дека ништо не слушнале, ниту виделе.

Тие се иселиле од Вермонт неколку месеци по убиството на Рита. Нивниот брак завршил кога Вилијам решил да оди во Тајланд и да стане монах.

Кога се вратил во САД, тој повторно се оженил и починал во 1986 година, од предозирање со дрога.

Спонзорирано: