13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

(Видео) Мистериозна сина светлина над Турција пред земјотресот, се огласија научниците

Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми, додека се чекаат официјални податоци за бројот на жртвите.

Автомобилските камери го снимија моментот на уште еден страшен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што во понеделникот ја погоди Турција.

Покрај силниот потрес, на снимката се гледа сина светлина која го осветлува небото непосредно пред почетокот на потресите.

Вакви чудесни блесоци го осветлија небото над Турција во моментот на првиот разорен земјотрес на 6 февруари оваа година, анализираат медиумите.

Тогаш според познавачите, на небото се појавиле молњи, а подоцна било објаснето дека од потресот на земјата се ослободуваат електрични полнежи од карпите, кои поради земјотресот испуштаат сина и зелена светлина кон небото.

Спонзорирано: