9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костовски: На ВМРО-ДПМНЕ им пречат уставните измени зашто ќе се сруши тезата дека со Бугарите сме еден народ

Утре или задутре ќе се покаже зголеменото проевропско мнозинство рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето на Канал 5. Тој го коментираше и барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

-ВМРО-ДПМНЕ да даде одговор со што ќе излезе на редовните парламентарни избори во 2024 година? Како ќе не европеизираат? Дали ќе го поништат францускиот предлог, дали ќе го поништат Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство? Ова ви е главна расправа во штабовите, барем за оние што не се вработени сега во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Да кажат зошто се против уставните измени? Им пречи дека ќе се сруши тезата дека со Бугарите сме еден народ, рече Костовски.

Тој истакна дека во 2024 година проевропската коалиција за Македонија ќе извојува победа. Во однос на уставните измени, Костовски кажа дека над 70 пратеници јасно кажале дека би гласале.

-Има крило во ВМРО-ДПМНЕ против Христијан Мицкоски, кое поддржува уставни измени. Формално и неформално веќе се водат разговори за уставните измени со многу пратеници, кажа Костовски.

Спонзорирано: