7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ванг: Кина никогаш нема да прифати мешање на САД во кинеско-руските односи

Кина никогаш нема да прифати САД да се мешаат во кинеско-руските односи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, пренесуваат медиумите во регионот.

Ванг, на редовната прес-конференција, одговарајќи на прашање за средбата меѓу кинескиот врвен дипломат Ванг Ји и американскиот државен секретар Ентони Блинкен во Минхен, рече дека сеопфатното стратешко партнерство на Кина се заснова на соработка заснована на независност и неконфронтација во суверенитетот на двете независни земји.

Ванг истакна дека САД не се во позиција да поставуваат барања за Кина и дека Пекинг не прифаќа притисок или принуда.

Ванг на тој начин одговори на барањето на новинарите да го коментира предупредувањето на Блинкен до Кина да не и помага на Русија во војната во Украина.

Во разговор со Ванг Ји, Блинкен рече дека кинеските компании веќе и даваат поддршка на Русија и дека новите информации сугерираат дека Пекинг исто така може да испрати оружје и муниција за војната во Украина и предупреди дека таквата ескалација ќе има сериозни последици за Кина.

Спонзорирано: