10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Макрон: Сакам Русија да биде поразена во војната со Украина, но да не биде „скршена“

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сака Русија да биде поразена во војната со Украина, но не и „скршена“.

Тој ова го изјави по враќањето од Минхенската безбедносна конференција, каде што ги повика сојузниците да ја интензивираат поддршката за Украина.

„Сакам Русија да биде поразена во Украина и сакам Украина да може да ја одбрани својата позиција“, изјави тој за француските весници „JDD“ и „Le Figaro“ и телевизијата „France Inter“.

„Убеден сум дека на крајот тоа нема да заврши воено“, додаде тој, предвидувајќи дека ниту една страна не може целосно да надвладее во конфликтот.

Спонзорирано: