9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Украина: Уништивме уште еден најсовремен руски тенк Т-90М

Украина објави дека го уништиле најдобриот и најмодерниот руски тенк Т-90М Прорјив.

„Падобранците на 79. ударна бригада го уништија тенкот Т-90М Прорјив и продолжуваат активно да уништуваат непријателска опрема“, пишуваат Украинците.

Додаваат дека руските единици со овој тенк ги нападнале украинските единици, но оти биле пречекани со противтенковска ракета.

Тенкот бил уништен со два проектила, се наведува во нивната објава.

Украинците објавија и видео на кое зборуваат војниците кои учествувале во акцијата. Прикажани се и неколку фотографии од тенкот. Веста не е независно потврдена.

Ако овој тенк навистина бил уништен, тоа веројатно не е прв пат. Украинците и претходно објавуваа дека уништиле ваков тенк.

Спонзорирано: