15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Повторно исчезна мал авион на Филипините, претходниот што се изгуби во јануари се’ уште не е најден

Мал авион со четири лица исчезна утрово по полетувањето југоисточно од главниот град на Филипините, а потрагата е во тек, соопштија авијациските власти на земјата.

Авионот „Цесна 340“ тргна од провинцијата Албај за Манила со пилотот, членот на екипажот и двајцата патници во саботата наутро, но оттогаш изгубен е контакт со леталото, соопшти филипинската управа за цивилно воздухопловство.

Претставниците на воздухопловството не дадоа детали за луѓето во авионот, но рекоа дека филипинските воздухопловни сили, крајбрежната стража и агенциите за одговор при катастрофи биле известени и побарани да помогнат во потрагата.

Ова е втора ваква несреќа на Филипините за неколку недели. Сè уште не е познато каде се наоѓа авионот што исчезна со шест лица на 24 јануари во северната провинција Изабела. Потрагата по авионот се вклучуваше и исклучуваше во зависност од временските услови во далечната планинска област, соопштија официјални лица.

Спонзорирано: