Унгарскиот премиер Виктор Орбан, во својот редовен говор за состојбата на унгарската нација во изминатата година, одржан во чаршијата Варкерт во Будимпешта, рече дека ниту еден граѓанин на Брисел не го дал животот во војната во Украина, но дека тоа не е случај со Унгарците.
Орбан истакна дека војната се води на прагот на Унгарија, пренесува унгарската агенција МТИ.
Премиерот на Унгарија ги критикуваше Киев, Брисел и Вашингтон за нивниот однос кон унгарското национално малцинство во западна Украина.