4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кулеба: Украина е опсесија на Путин

Украина е опсесија на рускиот претседател Владимир Путин и додека тој е на власт ќе бидеме во неволја, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Тој додаде дека на Киев во моментов му се потребни пари, муниција и санкции за да се одбрани од руската агресија и членство во ЕУ и НАТО заради долгорочна безбедност.

„Се додека Путин е на власт, ние ќе бидеме во неволја. Украина е негова лична опсесија“, рече Кулеба на безбедносната конференција во Минхен.