11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Чуда се случуваат во Турција: 296 часа по земјотресот спасени три лица во Турција, меѓу кои едно дете

Дури 296 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди јужниот дел на Туркије, од урнатините на зграда во Антакија спасени се три лица, меѓу кои едно дете, јавува агенцијата „Анадолија“.

Спасувачките тимови, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предадоа повредените на медицинските служби, по што се пренесени во болница.

Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.

Спонзорирано: