14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Збогум голем хероју“ Погребано кучето Протео кое го загуби животот спасувајќи ги жртвите во Турција

Мексиканскиот тим, кој помогна во потрагата и спасувањето на луѓето под урнатините по разорните земјотреси во Турција, се прости од Протео, нивното куче трагач.

Протео беше дел од тимот од 150 луѓе кои дојдоа во Турција од Мексико. Тој одигра важна улога во извлекувањето на три лица од под урнатините во разурнатиот турски град.

Мексиканскиот тим се прости од Протео, кој загина за време на операциите за пребарување и спасување.

Кучето работело со својот тим и заедно ги пребарувале урнатините. Тогаш се случило најстрашното за секој спасител: врз него се урнал дел од зградата и го затрупал. Иако неговите колеги луѓе веднаш го извлекле од под урнатините, а потоа се обиделе да го оживеат, за кучето немало спас.

Протео го оплакуваат бројни колеги, но и сите што слушнале за неговата трагична судбина. Затоа, ова куче сигурно ќе остане запаметено како легенда и херој кој го жртвувал својот живот за да ги спаси и да им помогне на луѓето.

Спонзорирано: