6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вучиќ и Курти в понеделник ќе се сретнат во Брисел

Српскиот претседател Алекандар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ќе се сретнат в понеделник на 27 февруари во Брисел.

Тие ќе се сретнат во рамките на продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Ова го соопшти шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Тој со поддршка на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, ќе има одвоени средби со Вучиќ и Курти по што, според најавата, ќе имаат заедничка средба.

Се додава дека фокусот на средбата ќе биде европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Српскиот претседател Алекснадар Вучиќ денеска од Минхен, каде што ќе присуствува на безбедносната конференција, изјави дека „имаме добри вести што ќе им ги соопштиме на граѓаните на Србија, некои денеска, а некои за седум дена, што се однесуваат на Косово и Метохија“.

Спонзорирано: