19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

(Видео) Карпи паѓаа во морето – рибар го сними моментот на земјотресот во Хрватска

Денеска во утринските часови посилен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди хрватскиот остров Крк. Епицентарот на земјотресот бил во Башчанска Драга, за среќа нема жртви, но има информации за материјална штета.

На една од снимките која ја направил рибар, а ја објави „24 часа“ се гледа како карпи паѓаат во морето за време на потресот.

Паднаа оџаци на постари куќи, во некои куќи се појавија пукнатини, имаше и пожари…

-Денеска, 16 февруари 2023 година, во 10 часот и 47 минути, сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа силен земјотрес со епицентар кај Башчанска Драга на Крк. Магнитудата на земјотресот била 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот е проценет на VI степен од ЕМС скалата. Земјотресот е почувствуван на целото хрватско крајбрежје – соопшти Сеизмолошката служба.

Корисниците на EMSC известија дека потресот се почувствувал и во Сплит.

Порталот Нови лист објави снимка од надзорна камера од стан во областа Суха Пунта.

– Во моментот на земјотресот бев на работа, а тие неколку секунди добро не потресоа. Видеото од станот го снимила безбедносна камера. Засега се чини дека нема штета – изјави за Нови лист сопственикот на станот.

Спонзорирано: