Спасувачите успеале да спасат жена на возраст од триесет години во Кахраманмараш, 258 часа по земјотресот, јавува „Си-Ен-Ен Турк“. Како што се наведува, станува збор за Неслихан Килиќ (30).
Непосредно пред да го слушнат нејзиниот глас од урнатините, нејзиниот зет рекол дека почнал да и’ подготвува гробно место.
„Им кажавме на спасувачките екипи да ја прекинат операцијата, бидејќи ќе ги распарчат телата. И тогаш го слушнавме нејзиниот глас“, рекол зетот на спасената жена.
Благодарение на работата на тимот, младата жена била извлечена жива од урнатините и однесена во брзата помош.