14.8 C
Скопје
17. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

САД: Украинските напади врз воени цели на Крим се легитимни

Соединетите Американски Држави сметаат дека Крим, кој беше присоединет од Русија во 2014 година, треба барем да се демилитаризира, а официјален Вашингтон истовремено ги поддржува украинските напади врз воени цели на анектираниот полуостров, изјави американскиот државен потсекретар, Викторија Нуланд.

Крим е дом на морското пристаниште Севастопол, каде што е сместена руската црноморска флота, а западните и руските дипломати сметаат дека тој полуостров е најголемата фокусна точка на украинската војна.

„Без разлика каква одлука ќе донесат Украинците за Крим, кога станува збор за одлучување каде ќе се водат борбите, Украина нема да биде безбедна додека Крим не биде барем демилитаризиран“, рече Нуланд.

На прашањето за опасноста од ескалација на војната во Украина, Нуланд одговори дека Русија таму има многу воени објекти, кои се клучни во конфликтот.

„Ова се легитимни цели, Украина ги гаѓа и ние го поддржуваме тоа“, рече Нуланд.

Украина сака да ја врати целата територија на Крим анектирана од Русија, која вели дека секој удар на Крим би бил исклучително опасен и би претставувал ризик од голема ескалација на војната.

Спонзорирано: