9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов силен земјотрес во Турција, почувствуван и во Сирија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди централниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил во близина на градот Антакија, на длабочина од 19 километри. Според ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во Сирија.

Ова е 32-ри по ред земјотрес за 69 часа што ја погоди оваа земја.

Засега нема информации дали има нови штети или жртви.

Според последните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги потресоа Турција и Сирија на 6 февруари.

Спонзорирано: