11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајка и син скокнаа од карпа кај Нијагарските Водопади, мајката почина, а момчето е во тешка состојба

Мајка од Илиноис почина, а син ѝ е во критична состојба кога заедно скокнале од ледената карпа кај Нијагарските Водопади.

Полицијата соопшти дека мајката, која не е именувана, намерно скокнала откога се искачила преку оградата на островот Кози во државниот парк Нијагара.

Трагедијата се случила на 12 февруари околу 12.30 часот.

Нејзиното тело е пронајдено во близина на комплексот „Пештерата на ветровите“, која се наоѓа на американската страна од водопадот што се протега на канадската граница.

Момчето (5) било спасено и однесено во детската болница во Бафало со повреда на главата, но мајката починала, а нејзиното тело било извлечено со хеликоптер.

Момчето е оперирано и е во критична состојба.

Жената дошла на Нијагарските Водопади со сопругот и синот. Полицијата го испрашувала сопругот, но и други сведоци. Началникот на полицијата на Њујорк, Крис Рола, вели дека истрагата е во тек, но полицијата не верува дека станува збор за несреќен случај.

Портпаролот на државната полиција рече дека трагичниот настан се третира како самоубиство.

Пожарникарите од Нијагарските Водопади успеале да го поминат дното на клисурата покрај мразот до местото каде што паднале мајката и синот. Успеале да го однесат момчето на паркингот на островот, од каде што со хеликоптер бил префрлен во детската болница. На местото на настанот била констатирана смрт на мајката.

Полицијата не објави зошто семејството од Илиноис било во посета на Нијагарските Водопади.

Спонзорирано: