21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кина прогласи победа над Ковид-19

Врвните лидери на Кина прогласија конечна победа над Ковид-19 велејќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицински третман и имаат најниска стапка на смртност во светот.

Постигната е голема решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата“, велат од постојаниот комитет на Политбирото на Кина (ПСЦ).

Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветен третман, но лидерите предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, објавија државните медиуми, пренесува „Ројтерс“.

Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за старите лица и ќе ги зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.

ПСЦ, најмоќното раководно тело во Кина, ги повика сите локални власти и одделенија да го зајакнат системот на медицински услуги.

Во декември Кина ја укина својата речиси тригодишна строга политика по протестите против строгите владини антивирусни ограничувања, пренесе „Индекс.хр“.

Спонзорирано: