6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бебе падна од петтиот кат за време на земјотресот и преживеа, но братот и сестрата не

Бирче Фанс, осуммесечно бебе, падна од петтиот кат во станбена зграда кога серија разорни земјотреси ја погодија Турција. На големо изненадување на спасувачките екипи, бебето успеало да преживее и сега се лекува во болница.

Нејзините родители биле спасени од урнатините по повеќе од 30 часа, но нејзиниот постар брат и сестра немале толку среќа.

Бирче Фанс падна од петтиот кат на зграда со колепка за време на земјотресот во областа Антакија во Хатај.

Нејзините мајка и татко – Нилаи и Џенгиз – биле спасени од урнатините на зградата 13 и 33 часа по земјотресот, а постариот брат и сестрата на бебето – Алин и Нил – не преживеале.

Бебето било забележано од луѓе како плаче и со возило на брзата помош било пренесено во градската болница во Адана, јавува „Анадолија“.

Докторката Нурсах Кескин, која го лекува бебето во болница, пред новинарите рече дека Бирче има многу среќа.

„Почнавме третмани за да го смениме интракранијалното крвавење. Ногата ѝ беше скршена… Многу полоши работи можеа да се случат од ударот на земјата. Господ ја чувал, тоа е чудо“, рече таа.

Мајката рече дека првин не знаела оти Бирче е жива, но подоцна ѝ олеснило.

Повеќе од 40.000 луѓе во Турција и Сирија загинаа во земјотресите што ја погодија областа на 6 февруари.

Приказната за ова бебе е само една од многуте што го потресоа светот последниве денови. Највпечатлива меѓу нив е онаа за малото девојче од Сирија, кое со голи раце го штитела својот брат во урнатините.

Видеото од двајцата под купот урнатини и бетон беше објавено од спасувачите непосредно пред да бидат извлечени. Подоцна биле префрлени во болница и било откриено дека останале сирачиња во земјотресот. Иако се на безбедно, лекарите открија дека ногата на девојчето, која ѝ беше повредена при извлекувањето од урнатините, најверојатно ќе ѝ биде ампутирана.

Покрај братот и сестрата, глетката на која сите се сеќаваа беше и онаа на таткото Месут Ханчер, кој ја држеше безживотната рака на својата ќерка Имрак.

Сега откри дека сам се обидувал да ја извлече од урнатините, но веќе било доцна. Покрај ќерката, Месут во серијата земјотреси загуби уште шест члена на семејството.

Спонзорирано: