3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма во Мармарис: полицијата фати инвеститор од Кахраманмараш, кој се обидел да бега со чамец

Турската полиција во Мармарис уапси еден од инвеститорите што граделе во областа Кахраманмараш, која минатата недела беше погодена од разорни земјотреси.

Добивај вести на вибер
Како што пренесуваат локалните медиуми, инвеститорот бил фатен во моментот кога се обидувал да избега од земјата со чамец.

Во моментот не се знае каде градел уапсениот инвеститор.

Во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари, само во таа земја загинаа повеќе од 35.000 луѓе. Повеќе од 10.000 објекти се урнати до темел, а најмалку исто толку ќе треба насилно да се урнат бидејќи објектите не се погодни за живот.

Турската полиција изминативе денови уапси инвеститори и изведувачи, кои се сомничат дека поради несовесно работење при изградбата предизвикале уривање на зградите.

Турција утрово ја погоди уште еден силен земјотрес, со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала.