15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Уште колку идиоти има?“ – Вархељ го заборави микрофонот вклучен и ги навреди европратениците

Скандалозна е изјавата на еврокомесарот Оливер Вархељ, кој европратениците ги нарече идиоти, оценуваат пратениците во Европскиот парламент и бараат негова оставка.

За време на седницата, микрофонот на Вархељ беше оставен вклучен, па по еден од неговите одговори, се слушна како вели на унгарски: „Уште колку идиоти има?“

Еврокомесарот одговараше на прашањата на европратениците за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

На почетокот на декември Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент најави почнување истрага за активностите на европскиот комесар за соседство и проширување на Европската Унија.

Оваа информација на „Твитер“ ја сподели холандскиот пратеник во Европскиот парламент, Тис Ројтен.

Истрагата, наведе Ројтен, ќе биде поведена поради наводите дека Вархељ намерно ги поткопува реформите во областа на демократијата и владеењето на правото во земјите кандидати за ЕУ.

Спонзорирано: