11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

ЧУДАТА ВО ТУРЦИЈА ПРОДОЛЖУВААТ: Жена и две деца се спасени од под урнатините на зграда 228 часа по земјотресот

Спасувачките тимови извлекоа жена и две деца во Хатај од под урнатините на зграда 228 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција.

Успешна спасувачка акција 228 часа по земјотресот извеле спасувачите, кои прво ја пронашле жената Ела и нејзините две деца, а потоа ги извлекле од под урнатините на зградата „Угур“ во квартот Антакии.

Спасувачите ги предале спасените деца и жената на екипа на Брза помош, која им укажала прва помош, а потоа ги однела во болница.

Да потсетиме, минатата недела два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки екипи веќе десетти ден ревносно работат на потрага и спасување на затрупаните во урнатините на зградите.

Спонзорирано: