15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Бројот на жртвите од катастрофата во Турција и Сирија се искачи на повеќе од 41.000

Спасувачите во Турција денеска извлекоа уште неколку преживеани од урнатините, повеќе од една недела по серијата силни земјотреси што ги погодија таа земја и Сирија, додека сега вниманието на јавноста е насочено кон помагање на луѓето кои немаат покрив над главата, ниту имаат доволно храна. јавува Гласот на Америка,

Бројот на жртвите од катастрофата се искачи на повеќе од 41.000, градовите во двете земји се уништени, а многу преживеани немаат засолниште на екстремно ниските температури. Повеќе од 35.000 луѓе загинаа во Турција, што е најсмртоносната ваква катастрофа од основањето на земјата пред 100 години.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган призна дека имало проблеми во првичниот одговор на земјотресот од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, но инсистираше на тоа дека ситуацијата сега е под контрола.

„Се соочуваме со една од најголемите природни катастрофи, не само во нашата земја, туку и во историјата на човештвото“, рече Ердоган.

Десет лица беа спасени во вторникот, вклучително и двајца браќа – на возраст од 17, односно 21 година – кои беа извлечени од урнатините на зграда во провинцијата Караманмарас. Во јужниот град Антакија била спасена жена, а подоцна 65-годишен Сириец и 15-годишна Сиријка. 77-годишен маж е извлечен од урнатините во Адијаман, 212 часа по земјотресот.

Сепак, претставници на Обединетите нации веруваат дека фазата на спасување е при крај, а фокусот е на домување, храна и образование за преживеаните.

Спонзорирано: