12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Берлускони ослободен од обвиненијата за подмитување сведоци во случајот за „бунга-бунга забавите“

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е ослободен од обвинението во случајот за подмитување сведоци да лажат за неговата вмешаност во малолетничка проституција.

Обвинителите побараа шестгодишна затворска казна за Берлускони затоа што подмитувал 24 гости на неговите забави за да сведочат лошо на претходното судење кога тој беше обвинет дека платил за секс со 17-годишна танчарка.

Оваа афера е позната како „бунга-бунга забави“.

Берлускони беше ослободен поради недостиг на докази дека плаќал малолетнички. Потоа беше обвинет за поткуп на сведоци.

Партијата на Берлускони, Напред Италија (Форца Италија), е составен дел на италијанската владејачка коалиција предводена од премиерот Џорџија Мелони.

Спонзорирано: