12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турскиот амбасадор: Нема потреба од дополнителни спасувачки екипи, помошта ќе биде испишана со златни букви во историјата

Македонија испрати еден милион евра финансиска помош досега за настраданите во Турција . Ова го изјави турскиот амбасадор и посочи: „До минатиот петок во Турција е трансферирана сума близу еден милион евра, се надеваме и на уште поголема цифра“.

Како што најави тој, денес првата помош е товарена во два камиона и се состои од 25 тона прехрамбени и хигиенски материјали и 4000 ќебиња кои ќе бидат пренесени во Газијантеп.

„На оваа моќна солидарност искажана во овие тешки денови турскиот народ со благодарност ќе се сеќава“, изјави турскиот амбасадор.

Турскиот амбасадор посочи дека со голема благодарност се следи теренската работа на спасувачките екипи, и нивните имиња ќе бидат испишани со златни букви во срцата на турскиот народ и турската историја. Дополни и дека засега нема потреба од дополнителни спасувачки екипи.

Од Црвениот крст посочија дека се сведоци на многу иницијативи за помош, но квалитетот на донациите не е на задоволително ниво.

„800 пакети со храна, 1700 со хигиенски производи и 4000 кебиња испраќа Црвениот крст . Сведоци бевме на многу иницијативи деновиве, но квалитетот на хуманитарната помош не е на задоволително ниво и сето тоа не може да се испрати. Заклучно со вчерашниот ден имаме собрано 25 милиони 120 000 денари , од кои 12 милиони и 900 000 се собрани од телефонските повици, остатокот се уплати на жиро сметката на Црвениот крст“, дополнија оттаму.

Спонзорирано: