20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање на Универзитетот во Мичиген, три лица загинаа

Три лица загинаа, а пет се тешко ранети во пукањето на Универзитетот во Мичиген, што се случи околу 20 часот по локално време.

Осомничениот, наводно, си го одзел животот откако побегнал.

Првиот повик полицијата го примила во 20 часот и 18 минути.

На местото на злосторството брзо пристигнале бројни полициски и медицински екипи кои им пружиле помош на повредените. За жал, три лица им подлегнаа на повредите.

Полицијата соопшти дека телата на убиените биле пронајдени на две различни локации во кампусот.

Засега не е познато колку студенти имало во кампусот во моментот на нападот.

„Осомничениот починал од прострелни рани што сам си ги нанел. Мотивот за овој напад се уште не е познат“, соопштија од полицијата.

Спонзорирано: