Владата на Нов Зеланд прогласи национална вонредна состојба само трет пат во својата историја, откако циклонот Габриел предизвика поројни поплави, лизгање на земјиштето и огромни бранови низ Северниот остров.
Големо невреме го опустоши Северниот остров, а нивото на водата толку многу се зголеми што градовите, патиштата беа поплавени, а некои мостови беа уништени. Како што јавува Би-би-си, некои граѓани биле принудени да пливаат од поплавените куќи за да се спасат.
Премиерот Крис Хипкинс рече дека катастрофата е најлошиот временски настан во овој век. Без струја се околу 225.000 луѓе.
Најмногу штети од невремето има на крајбрежните градови на северот и на источниот брег.