11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ласкова побара организаторот да ги врати одобрените средства, најважен и е мирот после пет децении творештво

Цветанка Ласкова, една од повеќедецениските доајени на македонската народна и забавна македонска музика, вечерва се обрати на јавноста со информација во врска со шпекулациите и клеветите изнесени во за проектот поддржан од Министерството за култура со кој беше предвиден концерт како заокружување на нејзината 50-годишна кариера.

“Јас не конкурирав за одбележуввање 50 години од мојата музичка кариера, тоа беше идеја на студиото Сити Саунс, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5-деценискиот развој на македонската фолк и поп музика.”

Ласкова во својата објава побара организаторот кој конкурирал со идејата за нејзин јубулеен концерт да ги одбие одобрените средства, потенцирајќи дека тоа го бара зареади сопствениот мир.

Ласкова е изведувач на авторски и стари македонски и југословенски, народни и забавни песни, а меѓу поголемите хитови и е “Момчето со мандолина” која со Јанко Узунов ја изведоа на фестивалот во Опатија во 1976, како и “”Ти ми ја зеде душата” од почетокот на 90тите. Ласкова со нејзиниот сопруг Кан ја имаа една од водечките маркетинг и продукциски агенции во 90тите, а подоцна имаше политички и активистички ангажман на полето на женските права и родовата еднаквост.

Спонзорирано: