Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, денеска на редовната прес-конференција изјави дека од мај 2022 година, повеќе од 10 американски балони на висока надморска височина „нелегално“ летнале во воздушниот простор на Кина и другите земји.
„САД треба да спроведат темелна истрага и да и ја објаснат оваа ситуација“, рече Венбин.
Американската војска денеска соопшти дека сензорите на кинескиот, наводно шпионски балон, кој беше соборен на 4 февруари во близина на брегот на Јужна Каролина, се извадени од Атлантскиот Океан, јавува Би-Би-Си.