12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Ердоган се огласи: Земјотресите како атомски бомби

Бројот на загинати во земјотресите што во понеделникот ја погодија јужна Турција се искачи на 35.418, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган рече дека двата земјотреси минатата недела биле со јачина на атомска бомба.

Тој додаде дека по земјотресот е невозможно да се живее во стотици илјади згради на југот на Турција.

„Секоја земја би се соочила со истите проблеми како нас за време на таква катастрофа“, рече Ердоган.

Тој рече дека работата за пронаоѓање на исчезнатите ќе продолжи се додека последниот преживеан не биде извлечен од урнатините.

Спонзорирано: