13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Чудата не запираат во Турција: Спасена жена, 212 часа по земјотресот

77-годишната Фатма Гунгор беше спасена од урнатините на зграда во јужниот турски град Адијаман, дури 212 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди југот на Турција.

Во Адијаман, еден од десетте турски градови кои на 6 февруари беа уништени од силни земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени, со епицентар во Кахраманмарас, продолжуваат напорите за пребарување и спасување на преживеаните од невидената катастрофа.

Екипите на АФАД и жандармеријата успеаја да ја извлечат жива 77-годишната Фатма Гунгор од под урната седумкатница во областа Али Тас, 212 часа по разорниот земјотрес на 6 февруари.

Откако беше извлечена од под урнатините, Гунгор е предадена на медицински екипи. Семејството на 77-годишната Гунгор ги прегрна членовите на спасувачката екипа која ја спаси старицата.

Во истиот округ, 12-годишниот Берат Џуѓел беше спасен претходно денеска, 207 часа по првиот од двата силни земјотреси што го уништија југот на Турција.

Спонзорирано: