13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Тлото на Балканот се тресе: Земјотрес и во околината на Загреб

Пред неколку минути земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Банија и Загреб, информира Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според веб-страницата, епицентарот бил на 13 километри од Сисак и 59 километри од Загреб.

– Траеше неколку секунди, одамна не беше толку силно на овие простори – наведува еден од сведоците на земјотресот на веб-страницата на ЕМСЦ.

Потсетуваме дека претходно земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија. Епицентарот на земјотресот бил на 70 километри од градот Дробета-Турну Северин.

Спонзорирано: