16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг: За војната во Украина се подготвуваме од 2014 година

Годината на конфликтот во Украина не го промени значително НАТО, алијансата се подготвува за тоа од 2014 година, објави на прес-конференција во Брисел генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Тоа не го промени НАТО, само ја покажа важноста на НАТО. Од 2014 година НАТО најсериозно почна да ги засилува своите воени сили, бидејќи војната не започна во февруари минатата година, туку во 2014 година. Тогаш НАТО почна да се прилагодува – рече Столтенберг.

– Од 2014 година го зголемивме бројот на силите за брза реакција, бројот на воени вежби, ги зголемивме трошоците за одбрана за прв пат по многу години. Со сето ова само се потврди важноста на алијансата и важноста на единството на нејзините земји-членки – рече тој.

Столтенберг најави дека НАТО може да биде дел од секое решение за Украина.

– Во однос на меѓународните договори, гаранции, аранжмани, можеме да бидеме дел од меѓународните решенија – рече тој.

Генералниот секретар на Алијансата посочи и дека НАТО мора да и обезбеди на украинската армија сили и ресурси кои ќе и овозможат да се брани по завршувањето на конфликтот.

Спонзорирано: