13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Над 34.000 загинати во Турција и Сирија, од среда шансите за преживеани ќе бидат нула

Во земјотресот во Турција и Сирија досега загинааповеќе од 34.000 луѓе.

Времето да се извлечат живи луѓе од урнатините е „речиси завршено“, бидејќи спасувачките напори влегуваат во осмиот ден.

Шансите луѓето сè уште заробени во урнатините да преживеат по девет дена се блиску до нула, изјави Едуардо Рејносо Ангуло, професор на Институтот за инженерство на Националниот институт во Мексико.

Неговите коментари ги повтори и Дејвид Александар, професор по планирање и управување со вонредни состојби во Лондонскиот институт, кој рече дека изгледите се влошени поради лошата изградба на многу згради во Сирија и Турција, што значи дека тие се срушиле на мали парчиња и оставиле малку простор за преживување.

Спонзорирано: