16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бездомник дивеел со камион и повреди осум пешаци во Њујорк

Најмалку осум лица се повредени во сообраќајна несреќа што ја предизвикал возач на камион во Бруклин.

Меѓу повредените има и полицаец, а според американските медиуми, камионџијата дивеел 30 минути во Бруклин.

Како што пишува NBC News, станува збор за 62-годишниот Азиец Венг Сор. Мотивите се уште не се познати, а полицијата изјавила дека се работи за емотивно растроен бездомник.

Не е познато како стигнал до камионот. Според првичните информации две лица се во критична состојба.

Спонзорирано: