5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Турција ја погоди нов земјотрес со јачина од 5,2 степени

Тлото во Турција не се смирува. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), источна Турција ја погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Според првичните информации, земјотресот е регистриран на длабочина од три километри, а епицентарот бил на 63 километри од Малатја.

Да потсетиме, во понеделникот Турција и Сирија беа погодени од разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени. Најмалку 33.000 луѓе загинаа, а повеќе од 80.000 луѓе беа повредени.

Спонзорирано: