7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Шефот на Вагнер: На Русија и требаат две години за да го контролира целиот источен регион на Украина

Шефот на руските платеници Вагнер Евгениј Пригожин изјави дека на Русија и требаат две години да ги контролира сите два источни региони.

Тој наведува дека заземањето на двата источни региони била клучна цел на војната, потег кој повеќето земји на ОН го осудија како незаконски.

– Колку што разбрав, мораме да ги затвориме републиките Доњецк и Луганск и тоа во принцип засега на сите ќе им одговара – рече Пригожин во реткото интервју што му го даде на рускиот воен блогер Семјон Пегов.

Според прогнозите на Пригожин, доколку стигнат до Днепар, на Русите ќе им требаат околу три години да го сторат тоа.

Тој рече дека може да потрае една и пол до две години. Инаку, Пригожин во изминатите неколку месеци остро ги критикуваше воените структури, но и раководството на армијата.

Пригожин рече и дека Русија мора да го окупира Бахмут, град во Доњецк кој со месеци е сцена на брутална војна.

Кога Пегов го праша дали руските сили се блиску до постигнување целосна блокада на градот, Пригожин рече дека веројатно е премногу рано да се каже дека се блиску.

– Украинските војници се добро обучени и како и секој голем град, невозможно е директно да се заземе. Многу добро ни оди – вели тој.

Тој, исто така, посочи колку е важно Врховната команда да ја разбере состојбата на луѓето на првите борбени линии.

– Значи, ако генералот отиде во ровот и разговара со војниците, тогаш војниците во сегашната ситуација ќе бидат само зачудени и многу задоволни – рече Пригожин и додаде:

– Тоа ќе биде доволно за да сфатат дека не се сами со своите проблеми.

Спонзорирано: