Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛокалноСпорт

Никола Николовски ас на викнед турнирот во Карпош

Интернационалниот мајстор Никола Николовски е победник на овогодинешното издание на викенд шаховскиот турнир. Тој освои осум поени од девет одиграни партии и го потврди шампионското место. Со ист број поени, но со послаб Бухолц, на второ место се пласираше ВМ Кирил Георгиев. Третото место го освои Љубомир Данов од Бугарија со 7,5 поени. Во рамки на деветтото издание на викенд шаховскиот турнир градоначалникот Стевчо Јакимовски го додели пехарот на победникот на Викенд турнирот, а Шаховската федерација му врачи благодарница на првиот човек на Општината за успешна соработка и придонес во развојот на македонскиот шах. Беше доделена и постхумна благодарница на Лазо Јанчев, за посебен придонес во развојот на шахот во Република Северна Македонија, а која ја прими неговата сопруга. Имено, парични награди добија и натпреварувачите рангирани од четврто до десетто место: 4. ФМ Уручи Ендрит од Косово 7,5 поени 5. ВМ Петар Дренчев од Бугарија 7 поени 6. ВМ Мирослав Миљковиќ од Србија 7 поени 7. ФМ Андреј Вељаноски 7 поени 8. Драгољуб Јачимовиќ 7 поени 9. ИМ Ндерим Сарачи од Косово 6,5 поени 10. Кораб Сарачи од Косово 6,5 поени. Специјални награди беа доделени на Крастева Белослава од Бугарија со освоени 6,5 поени за „Најдобар женски натпреварувач“, како и на Златков Антон со освоени 6,5 поени за „Најдобар млад натпреварувач во категорија до 18 години“.

Кралевски Александар со освоени 6,5 поени е избран за „Најдобар натпреварувач во сениорска конкуренција над 65 години“, Куков Тоде со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 2100 поени“, Жежовска Моника со освоени 6 поени за „Најдобар натпреварувач во категорија со рејтинг до 1900 поени“ и Ристески Емил со освоени 6,5 поени за „Најдобар натпреварувач од општина Карпош“.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе