23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Маж спасен по 149 часа, спасувачите славеле по спасувањето

35-годишниот Мустафа Саригул е извлечен од под урнатините по разорните земјотреси во Хатај на југот на Турција, дури 149 часа по првиот земјотрес.

Саригул беше извлечен од под урнатините на зграда во Антакија, провинцијата Хатај, по петчасовна спасувачка операција, која започна откако спасувачите стапија во контакт со преживеаниот.

Спасувачите славеа откако човекот беше извлечен и спасен.

Спасувачките тимови се тркаат со времето за да продолжат со потрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресот.

Бројот на загинатите во земјотресите на југот на Турција се зголеми на 24.617, изјави потпретседателот на оваа земја Фуат Октај.

Повеќе од 3.300 луѓе загинаа во Сирија, додека повеќе од 5.000 луѓе се повредени по серијата земјотреси што ја погодија Турција.

Спонзорирано: