9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Германија ќе им понуди брзи визи на жртвите од земјотресот во Турција

Граѓаните на Турција, погодени од разорниот земјотрес, ќе имаат можност привремено да ги посетат роднините во Германија, чии службеници се подготвуваат да го забрзаат издавањето на визите и да ја намалат потребната бирократија.

Германските министерства за надворешни работи и за внатрешни работи најавија планови да им се дозволи на Турците кои имаат роднини во Германија да дојдат кај нив. Десетици илјади луѓе во Германија имаат турски корени, а Турците се најголемата имигрантска група во земјата, поради политиката на гастарбајтери усвоена од германската влада во 1950-тите.

– Како германска влада сакаме да им помогнеме на семејствата во Германија да можат привремено да ги примат роднините погодени од земјотресот доколку веќе немаат покрив над главата или имаат потреба од лекување – изјави министерката за надворешни работи, Аналена Баербок.

Овие министерства формираа работна група која ќе почне со работа викендов. Станува збор за редовни визи, кои ќе се издаваат брзо и ќе важат три месеци.

Тие ќе бидат достапни за жртвите од земјотресот кои сакаат да побараат засолниште во Германија и да престојуваат со членови на семејството од прв или втор степен на сродство, кои се германски државјани или кои имаат дозвола за постојан престој.