20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вјоса Османи за британски „Телеграф“: Групата „Вагнер“ и помага на Србија да подготви потенцијален напад на Косово

Платеници од руската паравоена група Вагнер, заедно со српските паравоени формации, шверцуваат оружје и неозначени воени униформи во Косово, изјави косовската претседателка Вјоса Османи за британски „Телеграф“.

Тајната операција е дизајнирана, тврди Османи во интервју за британски весник, за да се постават темелите за потенцијален хибриден напад од Србија на територијата на Косово.

Овие наводни подготовки на Србија се одвиваат паралелно по руската анексија на Крим во 2014 година, кога руски војници во униформи без никакви ознаки, наречени „мали зелени човечиња“, го подготвија патот за отцепување на полуостровот од Москва.

„Тие носат оружје и униформи, но формално не се дел од српската војска. Србија сака да ги постигне своите цели без да ја нарече воена операција“, рече Османи.

Целта на Србија е „да ја подготви ситуацијата за можна анексија – не преку традиционална воена операција, туку преку хибриден тип на напад“, смета таа.

„Ако погледнете што направи Путин во 2014 година, тоа е истата книга. Прво ги инструментализираше Русите кои живееја таму, потоа правеше секакви лажни операции и потоа ги испрати овие паравоени групи. Има јасни докази дека српските паравоени групи го планирале и организирале ова (со Вагнер). Колку имало на граница или на територијата на Косово е прашање што се уште се истражува. Нивните намери беа очигледно агресивни. Тие градат ровови и барикади во воен стил. Вид што би можеле да го користат за да се борат“ – рече Османи.

Србија негираше дека платеници од „Вагнер“ групата имале некаква улога во конфликтот со Косово.

Спонзорирано: