15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Започнува со примена новиот модел на субвенционирање – Земјоделците добиваат директна субвенција авансно во висина од 30% во текот на годината, поголеми субвенции за сточарите…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ги презентираше програмите за работа на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во 2023 година. Исто така информираше дека започнува да се применува новиот модел на субвенционирање.

„Започнуваме со примена на новиот модел на субвенционирање. Сите земјоделци добиваат директна субвенција авансно во висина од 30% во текот на годината како субвенција за обработување на земјоделското земјиште без оглед која култура ја одгледуваат.

Новиот модел на субвенционирање носи и поголеми субвенции кај сточарите, каде што се зголемува поддршката за репродуктивни грла добиток како и поддршката за произведено и предадено млеко.

Кај земјоделците од мал обем, субвенциите ќе се исплаќаат наеднаш, без да бидат поделени на основни и дополнителни, аплицирајќи според историските плаќања за претходните години и со прикажување на изјава за планираното производство.“, објасни Николовски.

Извор: Агротим.мк

Спонзорирано: