20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

По две години, профилите на Трамп на Инстаграм и Фејсбук беа вратени

Компанијата Мета, која ги поседува социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, му го врати пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп до тие платформи, по двегодишна суспензија поради немирите на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, потврди денеска портпаролот на Мета, Енди Стоун.

Мета во јануари рече дека ќе ја укине суспензијата на Трамп „во следните недели“ и дека ќе воведе нова, поостра суспензија доколку Трамп повторно ги прекрши политиките на Фејсбук или Инстаграм.

Враќањето на пристапот на Трамп до социјалните мрежи доаѓа пред неговата можна претседателска кампања во 2024 година.

Спонзорирано: