13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Чудо од страшните земјотреси: Бебе старо десет дена извлечено живо од урнатините

Десетдневното момче Јагиз е извлечено од урнатините на зграда во турската провинција Хатај.

Спасувачите кои го извлекле бебето веднаш го завиткале во термо ќебе. На фотографиите кои го обиколија светот може да се види и неговата расплакана мајка, која спасувачите ја изнесоа на носилки поради можна повреда на кичмата.

Не се знае здравствената состојба на мајката и бебето, ниту како успеале да преживеат во урнатата зграда.

Медиумите пренесуваат дека Јагиз е роден на почетокот на февруари, а половина од животот го поминал во урнатините.

Да потсетиме, разорни земјотреси ги погодија Турција и Сирија во понеделник на 6 февруари.

Фотографијата од малиот херој ја сподели градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Спонзорирано: