5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски во Брисел: Русија сака да го уништи европскиот начин на живот

Ви благодариме за вашиот принципиелен и енергичен пристап – два квалитети кои останаа константни во оваа борба за Европа, порача Зеленски за време на неговото обраќање во Европскиот парламент, на самитот на европските лидери во Брисел.

„Се борам за враќање на Украина во Европа, таму каде што и’ е домот. Вредноста на животот во Русија е уништена. Русија го гледа својот народ како тела што можат да носат оружје. Рускиот режим ја мрази секоја социјална правда и различност, ја поттикнува ксенофобијата, се обидува нехуманата реалност од 1930-тите и 1940-тите да ја направи реалност денес“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека мирот нема да биде возможен додека не бидат победени антиевропските сили.

„Русија сака да го уништи европскиот начин на живот. Тоа нема да го дозволиме“, рече Зеленски.

Додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е „диктатор со огромни залихи и резерви на советско оружје и оружје на диктаторските режими – особено на Иран“.

Тој се заблагодари за поддршката што им ја дадоа на Украинците, луѓето од градовите ширум Европа.

Присутните неколку пати го прекинаа говорот со ракоплескање.

Спонзорирано: